Алварез и другарите со убедлива победа на „Местаља“! Столе повторно резерва

85

Очекувано, Атлетико Мадрид со 0:3 славеше вечерва на “Местаља“. “Јорганџиите“ немаа намера да направат уше некој кикс во битката за титулата, па така со овие три бода сега се лидери на табелата, барем до завршување на мечевите на Барса (вечерва) и Реал Мадрид (утре).

Алварез во 12. и во 30.минута брзо стави до знаење кој е кој на овој меч, па така со тие 0:2 се замина на пауза.

На третиот гол се чекаше се до 86.минута кога Кореја ги постигна конечните 0:3 за составот на Диего Чоло Симеоне.

Инаку и на овој меч нашиот Столе Димитриевски не доби шанса, бранеше Грузиецот Мамардашвили.

ПретходноРијека го распарчи Динамо Загреб!
СледноПо поразот од Вардар: Ќато си поднесе оставка, Струга ТЛ ќе мора да бара нов тренер!