Во понеделник во меч од ракометната Суперлига, Пелистер го дочекува Алкалоид. Тоа ќе биде дуел меѓу шампинот и лидерот на табелата, па затоа со право во Битола владее вистинска ракометна еуфорија. Ова е и поради победата на Пелистер во ЛШ против Динамо Букурешт.
Па така вечерва од раководството на РК Пелистер се пофалија дека е распродадена салата “Боро Чурлевски“, дека нема веќе билети за големото дерби кое почнува во 18 часот во понеделник.