Уште една успешна битка во ЕХФ Европскиот Куп е зад тимот на Алкалоид. Кирил Лазаров и неговите избраници со победа на домашен терен ставија печат на четвртфиналниот билет во ЕХФ Европскиот Куп.
Актуелниот освојувач на Купот на Македонија и Супер-Купот вчера славеше против Бриксен со 38-31 во реванш осминафиналниот натпревар.
Ова беше шеста победа за Алкалоид во шест одиграни натпревари во ова натпреварување, импресивен податок на кој сите во тимот имаат право да бидат горди.
Против РК Вест Виена од Австрија, Алкалоид беше подобар со (38:27 и 32:29), РК Драгунас Клаипеда од Литванија го совлада со (42:31 и 37:31) и против РК Бриксен славеше со 22-44 и 38-31.
Екипата на Алкалоид во вторник ќе го дознае противникот за четвртфиналето, конкуренцијата е силна, па следните мечеви како што кажа Лазаров ќе бидат интересни и за играње, и за гледање.