Интер синоќа во раммките од 26. коло во Серија А далеку потешко од очекувањата на свој терен дојде до победа над Џенова. И тоа со минимални 1:0 со погодокот на Лаутаро длабоко во второто полувреме.
Тренерот Инзаги е свесен за тежината на ситуацијата во која што се наоѓа неговиот тим и по мечот имаше само зборови на пофалба за својот состав.
„Мораме да им честитаме на Џенова и Виеира бидејќи одиграа многу добар натпревар. „Не бев изненаден бидејќи ги гледав оваа сезона“, изјави Инзаги.
„Исто така сакам да им честитам на моите момци, ова беше 37. натпревар сезонава, а оние кои играа за националните тимови одиграа уште повеќе. Покажаа голема одлучност. Секоја недела во Серија А гледаме дека нема лесни натпревари. Дозволивме само една добра шанса на Џенова, а Хосеп Мартинез одлично одбрани“, додаде Инзаги.