Дарко Чурлинов конечно почна да ги оправдува сите очекувања кои што Македонија со години ги има за него. Барем на клупско ниво. Напаѓачот најде средина каде што може да заигра во континуитет, и да има удел во резултатите.
Предмалку тимот на Јагиелониа одигра 2:2 на гостувањето во Краковиа, а Чурлинов го отвори резултатот во 34. минута. Само пет минути подоцна гостите поведоа и со 0:2, но и тоа не беше доволно за победа.
Во вториот дел домаќинот израмни и тоа со гол постигнат во 85. минута.
Добро е да се знае дека Чурлинов влегува во голгетерска форма, токму пред почетокот на квалификациите каде Македонија стартува на гости во Лихтенштајн на 22 март.