По Чурлинов и Елези, уште еден наш интернационалец денеска се запиша во листата на стрелците. Лирим Ќамили погоди за водство на тимот на Сондеријске кој сепак загуби на гостувањето кај Нордсјеланд.
Ќамили ги доведе гостите во водство од 0:1 во 23. минута, но домашните многу бргу направија пресврт на 2:1, а потоа и на 3:1. Гостите во самиот финиш стигнаа само до втор гол но не и до позитивен резултат.
За Сондерјиске стартер беше и Сефер Емини.