Гетафе – Бетис 1:2 е епилогот од вечерашниот меч во Ла Лига во ова 25.коло. Со оваа победа продолжува трендот на добри резултати на составот на тимот од Севиља во последно време. Иско со два гола, во 18. минута по асистенција на Антони, и од пенал во 77.минута му донесе триумф на својот тим и тоа на гости, додека Гетафе имаше сили само за ублажување на поразот со гол за конечни 1:2 во таа 82.минута преку Мајорал.
Антони кој игра фантастично во дресот на Бетис мораше предвреме да го заврши мечот откако во 90+4.минута зартаботи директен црвен картон по бруталниот старт врз еден домашен играч.