Пред комплетирање на последното квалификациско коло познати се сите 24 учесници на Европското првенство кое оваа година ќе се одржи во четири земји: Кипар, Финска, Полска и Летонија во периодот од 27 август до 14 септември.
Македонија, за жал, не се најде на овој список, следната шанса за да ја гледаме на контиенталното натпреварување ќе биде во 2029 година.
Меѓу тимовите кои обезбедија пласман на ЕП е селекцијата на Грузија предводена од екс-селекторот на Македонија, Александар Џикиќ. Тој и неговите момци денеска гостуваат во Белград, во меч кој нема резултатско значење.
За ова остварување, Џикиќ ќе добие орден за заслуги од Владата на Грузија.
„За квалификациите на Грузија за светскиот шампионат, како и за претстојното Европско првенство, премиерот и претседателот на Парламентот на Грузија предложија членови на репрезентацијата за Орден на честа“, стои во соопштението од грузискиот државен врв.
Џикиќ на клупата на Македонија дојде на крајот на декември 2013 година на местото на Алеш Пишан, обезбеди место на ЕП 2015 година, но поради несогласувања со тогашното раководство не го водеше нашиот национален тим во Загреб.
Во продолжение се сите земји кои обезбедија пласман на ЕП 2025.