Тоа е Челзи: Го продадоа за 23 милиони евра, а сега ќе го купуваат за 85 милиони!

688

Неверојатни вести доаѓаат од Островот. Челзи иако сезоната ја почна изненадувачи одлично со тренерот Енцо Мареска, во новата 2025 година никако не им оди на “сините“ од Лондон, некогашниот двоен европски првак.

Подготвени се на лето повторно да се активираат на пазарот, ама некои работи јасно е дека ги прават сосема погрешно.

Пред се кога станува збор за репрезентативниот стопер Марк Гуеи. Тој до 2021 година беше дел од Челзи, но не доби шанса и беше продаден на Кристал Палас за 23 милиони евра.

Во изминатите четири години минати во Кристал Палас, сега веќе 24-годишниот Гуеи важи за еден од најдобрите стопери во Премиерлигата.

И што прави Челзи? Па има намера со 85 милиони евра да го врати во своите редови.

Сепак треба да се знае дека во 2021 година Челзи беше предводен од Роман Абрамович, а сега на чело на клубот е Американецот Тод Боли.

ПретходноПеп на лето има намера да потроши 200 милиони евра и тоа само за еден играч!
СледноШто ќе посееш – тоа и ќе жнееш: Време е за кошаркарска реконструкција!