Манчестер Сити, откако се избламира на последните две средби, со Реал и со Ливерпул, и дефинитивно ја прогласи сезоната за завршена, барем во поглед на резултатите. Во ЛШ тимот на Пеп Гвардиола веќе во 1/16 финалето беше елиминиран, а во Премиерлигата се чини дека завчера му ја предаде круната на Ливерпул.
Најавите се дека Манчестер Сити, односно Пеп ќе им се заблагодари на најмалку 5-6 играчи од сегашниот тим, и на лето и тоа како ќе се купува.
Прва трансферна цел е Флоријан Вирц, веројатно во моментов најдобриот германски фудбалер, младата ѕвезда на Леверкузен, за кого се заинтересирани и Баерн Минхен и Реал Мадрид, па и ПСЖ, но Пеп планира на неговиот трансфер да потроши 200 милиони евра.
Сити прво сакал да понуди “само“ 150 милиони евра, но откако дознал дека истата сума би ја понудиле и конкурентите, сега и 200 милиони евра се во “игра“. Секако дека сега на потег се Леверкузен и самиот Вирц.