Рамос е како КРАЛ во Монтереј: Сам си бира кога ќе игра, заработува од дресовите и има личен шофер!

262

Кога Серхио Рамос, легендата на Реал Мадрид и светскиот фудбал, пред неколку недели потпиша за Монтереј, клуб од Мексико, љубителите на фудбалот беа во шок. Јасно е дека за него кариерата е при крај, па посакуваше да одигра уште малку во некое егзотично фудбалско место.

Пред три дена Рамос го имаше своето деби за Монтереј со победа од 3:1 против Атлетико Сн Луис.

Инаку Мексиканците се однесуваат кон Шпанецот како да е КРАЛ.

Тој има договор до крајот на оваа 2025 година и ќе заработи 4 милиони евра, секако нето, но тука не се пресметани разните бонуси.

Инаку тој сам си бира против кого ќе игра, односно на кој натпревар ќе заигра. Секако дека ќе има дополнителен бонус за учеството на СП клупско првенство ова лето.

Добива процент и од секој продаден дрес со неговото име, а има и личен шофер 24/7.

ПретходноГодините не му можат ништо, нова мајсторија на Меси (ВИДЕО)
СледноВетено – сторено: РФМ им исплати три милиони денари на ракометарите!