Трипл-дабл на Дончиќ во „слатката“ одмазда против Далас (ВИДЕО)

838
Фото: ЛА Лејкерс/Твитер

Лука Дончиќ го одигра својот прв натпревар против Далас Маверикс, клубот во кој ја започна својата кариера и каде што стана миленик на навивачите. ЛА Лејкерс ги пречека Маверикс во својата арена, а Дончиќ првпат играше против своите поранешни соиграчи и доминираше со сестраност, а Лејкерси славеа 107:99.

Словенечката НБА-ѕвезда го заврши натпреварот со трипл-дабл од 19 поени, 15 скока, 12 асистенции, три блокади и две украдени топки, со што стана првиот играч на Лејкерс по Карим Абдул-Џабар, кој се пензионираше во 1989 година, кој има најмалку 15 поени, 15 скока, 10 асистенции и две блокади во натпревар.

Трибините на домашниот стадион на Лејкерси одекнаа со извици „Ти благодарам, Нико“, изразувајќи задоволство од работата што Дончиќ ја направи за да го однесе до Лејкерси.

Заедно со Дончиќ, Лејкерси до победата ги предводеа Леброн Џејмс со 27 поени и 12 скока и Остин Ривс со 20 поени и пет украдени топки. Најдобри играчи за Далас беа Кајри Ирвинг со 35 поени и седум скока и Клеј Томпсон со 22 поени и осум скока.

Торонто Репторс – Бостон Селтикс 101:111

Орландо Меџик – Кливленд Кавалирс 82:122

Хјустон Рокетс – Милвоки Бакс 100:97

Мемфис Гризлис – Феникс Санс 137:137 (151:148 – по продолжение)

Њу Орлеанс Пеликанс – Сан Антонио Спарс 109:103

Голден Стејт Вориорс – Шарлот Хорнетс 128:92

Лос Анџелес Лејкерс – Далас Маверикс 107:999

ПретходноЧелзи убедлив со Саутемптон!
СледноДончиќ искрен после победата над Далас: Ќе ми треба време да ја завршам оваа приказна!