Симеоне: Бевме похрабри на крајот!

110

Тренерот на Атлетико Мадрид, Диего Симеоне го пофали карактерот што неговиот тим го покажа на првиот полуфинален натпревар од „Купот на Кралот“ против Барселона. Натпреварот заврши 4:4, Атлетико поведе со 2:0, а потоа прими 4 гола и на крајот успеа да извлече реми.

„Треба да работиме на тоа како да ги браниме корнерите бидејќи очигледно имавме проблеми. Играчите покажаа дух, на што се восхитувам. Тоа беше отворен натпревар против многу силен противник, но имаме се што ни е потребно за да продолжиме напред“, коментира Симеоне.

Свесен за силата на Барса, стратегот на Атлетико Мадрид знаел дека нема биде лесно и покрај водството од 2-0.

„На 2:0 во наша корист си реков: „Не брзај да се радуваш, нема да биде така лесно“. Барса почна подобро по паузата, но постепено почнавме да создаваме шанси. Гризман имаше шанса да израмни. Тогаш резултатот стана 4:2 со голот на Левандовски“, продолжи аргентинскиот стручњак:

„Измените ни помогнаа. Имавме свежина во последните минути, а покажавме храброст да нападнеме со играч повеќе. Сигурно сме задоволни од крајниот резултат. Има многу време и многу натпревари до 2 април. Сè уште е рано да се размислува за реваншот“, додаде Симеоне.

ПретходноКуп 1/4 финале-полувреме: Вардар подобар, но нема голови на Арената, нема ни во Струга, Шкендија и Брера со водство!
Следно“Специјалниот“ се соочува со шестмесечна суспензија?!