Како што пренесуваат некои медиуми во Шпанија и Португалија, Кристијано Роналдо има намера да откупи голем дел од акциите на Валенсија, на клубот каде што е член и нашиот Столе Димитриевски. Се пренесува дека сегашниот сопственик на клубот од “Местаља“ Питер Лим,во наредните неколку месеци ќе му ги продаде акциите на Португалецот.
Како што се наведува планот на Роналдо е по завршување на кариерата да инвестира во клуб од Шпанија, а секако тоа ќе оди преку Инвестицискиот фонд на Саудиска Арабија. Во случај сите овие најави да се остварат, тогаш јасно е дека Валенсија, еден од најголемите клубови во Шпанија ќе се врати таму каде што и е местото, во врвот на шпанскиот фудбал.