Куп: Донгмо го однесе Вардар во полуфиналето, таму се и Струга ТЛ, Шкендија и Брера!

646

Попладнево се одиграа натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Македонија.

На Арената во Скопје, Вардар со 1:0 го победи Силекс и со тоа успеа да се пласира во следната фаза. Стрелец на победничкиот гол беше Данел Донмго во 68.минута со што ја круниса иницијативата на нашиот најтроеен тим против Силекс. Вардар апсолутно заслужено се пласира во полуфиналето на Купот на Македонија, одигра подобро, имаше повеќе шанси, а и зицери.

Шкендија со голот на Шаља уште во првото полувреме го победи Детонит со 0:1 на гости и се пласира во полуфиналето.

Се радуваше и Струга ТЛ. Шампинот со голот на Кехинде успеа да го победи дома Гостивар и да се најде меѓу четирите најдобри во ова натпреварување.

Мечот меѓу Брера и Арсими заврши со резултат 1:1, па се изведуваа пенали. Подобри пеналџии беа домашните и победија и се пласираа во полуфиналето.

РЕЗУЛТАТИ – 1/4 ФИНАЛЕ

Вардар – Силекс 1:0

(Донгмо/)

Струга ТЛ – Гостивар 1:0

(Кехинде/)

Детонит – Шкендија 0:1

(/Шаља)

Брера – Арсими 1:1 (П 4:3)

(Ндзенгуе/)

Претходно“Специјалниот“ се соочува со шестмесечна суспензија?!
СледноСедло ја доби битката со Васоски: Вардар после 8 години е во полуфиналето во Купот на Македонија! (ФОТОГАЛЕРИЈА)