Винисиус застана пред камерите и ги откри плановитe!

404

Винисиус доби можност да ја носи капитенската лента во отсуство на играчи кои по хиерархија се капитени на Реал. Тони Крос, неговиот поранешен соиграч, се пошегува оставајќи му коментар во кој напиша: „Сега конечно можеш да разговараш со судиите“. Тој коментар на Германецот собра стотици илјади лајкови.

Винисиус по мечот застана пред камерите и се осврна на прашањето за неговата иднина. Веќе некое време се шпекулира дека би можел да замине во Саудиска Арабија, а постојано се пишува за неморалната понуда која му се подготвува на Блискиот Исток.

Познато е дека се подготвени да му понудат милијарда евра за пет години, а до Реал Мадрид да упатат понуда која во голема мера би го надминала рекордот од 2017 година, кога Барселона го продаде Нејмар на ПСЖ за 222 милиони евра, што до ден денес останува најскапиот трансфер во светскиот фудбал.

„Да се ​​биде толку млад и веќе да се игра толку многу натпревари е нешто што никогаш не го замислував или сонував. Наскоро ќе достигнам 300, но сакам повеќе – сакам да достигнам 400 и 500. Се надевам дека ќе испишам историја во овој клуб“, изјави Винисиус по натпреварот против Сосиедад.

Со ова Бразилецот реши да стави крај на приказната за евентуално заминување од Реал на лето. Дополнително, по натпреварот тој ги сподели емоциите за првпат како капитен на тимот да го води Реал.

Тој го опиша искуството како незаборавно: “Тоа е сосема уникатно бидејќи никогаш не си замислуваш дека ова ќе ти се случи. Задоволен сум од перформансите на тимот и од можноста да бидам капитен на најголемиот тим во светот во полуфиналето на Купот. Тешко е да се каже со зборови, не можам да објаснам”.

Натпреварот беше одбележан и со краток прекин на крајот од првото полувреме бидејќи домашните навивачи му скандираа „Умри“ за младиот дефанзивец на Мадрид, Раул Асенсио, а сето тоа затоа што е под истрага за дистрибуција на детска порнографија од пред неколку години.

Кало Анчелоти мораше да го соблече во 45. минута, велејќи подоцна дека тоа го „скршило“ играчот и дека не е лесно кога ќе слушнете како ви скандираат такви работи од навивачите на противничката екипа.

ПретходноЕндрик го турка Реал кон финалето на Купот на Шпанија (ВИДЕО)
СледноХарден го „изрешета“ Чикаго, Клиперси ја прекинаа црната низа (ВИДЕО)