Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Рубен Аморим беше задоволен по победата од 3-2 над Ипсвич. Тој ги пофали своите играчи за борбеноста што ја покажаа. „Црвените ѓаволи“ постигнаа успех, иако во првото полувреме беа скршени.
„Денес не сум лут. Го контролиравме натпреварот од првата минута и можев да видам дека момците се трудеа многу и успеаја да постигнат два гола. Црвениот картон го промени текот на натпреварот, но тимот покажа борбеност, многу ни помогнаа и навивачите“, изјави Аморим.
Тој го коментираше и црвениот картон на Патрик Доргу, кој за малку ќе го уништи неговиот тим.
“Секој играч може да погреши, како што направи денеска Патрик. Беше исклучен, но сакаше да игра со топка. Знам дека е подготвен за Премиер-лигата. По неговиот настап денес, очекувам утре сите да напишат дека го нема потребното искуство за да игра тука, но јас не мислам така. Видовте колку добро се претстави против Евертон”, додаде Португалецот.