„Кој си ти да кажуваш како треба да се освои Премиерлигата, кога никогаш не си ја освоил“!

383

Џон Оби Микел пред неколку години беше една од ѕвездите на Челзи и на Премиерллигата. Тој секогаш има нешто да каже, а посебно кога некои аналитичари не ја говорат вистината, барем според Нигериецот.

Па така неодамна, Џејми Карагер, легендата на Ливерпул кој сега работи како коментатор и ТВ аналитичар, за Мохамед Салах, покрај другото кажа:

Мохамед Салах е во неповолна ситуација за освојување на Златната топка ако се знае дека не може со својата репрезентација да биде победник на СП, ЕП или Копа Америка“.

Со тоа Карагер го омаловажи Африканското првенство или АКН.

На ова Микел имаше што да му одговори…

Тоа што го кажа е големо непочитување. Замислете, тоа го кажува човек кој што никогаш ништо не освоил со Англија, а не ја освоил ПЛ со Ливерпул. Кој е тој да кажува или анализира како треба да се освои ПЛ кога никогаш не освоил“ рече покрај другото Нигериецот.

ПретходноЗдењек Земан доживеал мозочен удар!
СледноНовата девојка на Белингем наводно некогаш била ескорт дама!