Покетино му соопштил на Меси кога ќе дебитира за ПСЖ

834

Лионел Меси ќе дебитира за ПСЖ во четвртото коло од француската Лига 1, односно следниот викенд. Навивачите на „светците“ ќе мора да бидат трпеливи уште десет дена до дебито на Лео.

Сигурни извори од Франција денеска пренесуваат дека Маурисио Покетино не сака да брза со Меси, кој започна да тренира оваа недела. Викендов ќе го прескокне гостувањето кај Брест, па треба да дебитира на „Паркот на принцовите“ на 29 август против Ремс.

ПретходноБајиќ збесна: „Летаа“ пцовки на последниот тајм-аут (ВИДЕО)
СледноБајиќ по поразот од Словачка: Важно ја остваривме целта