Тренерот на Интер, Симоне Инзаги зборуваше по ремито 1:1 на неговиот тим против Наполи во 27. коло од италијанската Серија А. Интер остана на врвот на табелата, но имаше шанси да се одлепи од главниот конкурент за титулата оваа сезона.
„Натпреварот испадна тежок. Првото полувреме беше изедначено, но по паузата имавме проблеми, Наполи не врати. Но, да не заборавиме дека се соочивме со противник кој игра остро и веќе е многу посвеж од нас. Момците дадоа се од себе и мора да запомните дека во вторникот вечерта игравме четвртфинале за Купот на Италија“, коментира Инзаги.
Шампионот допрва треба да размислува како да ги спојат обврските во Серија А, заедно со оние во Купот на Италија и Лигата на шампионите.
„Одиме напред. Имаме многу избалансирано првенство, со силни екипи кои се борат за победа. Наполи, Аталанта, Јувентус, Лацио – сите имаат одлична сезона. На натпреварите против нив мораме да играме перфектно, но не можеме. Не требаше да дозволиме Лоботка да влезе во нашиот шеснаесетник, но природно е што последните 15 минути се особено тешки кога играш преку 40 натпревари во сезона“, заврши Инзаги.