Бајиќ по поразот од Словачка: Важно ја остваривме целта

191

По денешниот пораз од Словачка со 16 кошеви разлика, Македонија, сепак, успеа да се протне во следната фаза од квалификациите за СП 2023 година. По мечот селектпорот Бајиќ даде свој коментар на настапот.

„Оставивме лош впечаток за крај. Но, би сакал да им честитам на момците, ја остваривме целта, први одиме во квалификациите за СП 2023. На стартот никој не веруваше дека можеме да ја минеме оваа фаза, посебно по поразот од Швајцарија и најголемите оптимисти кренаа раце од нас. Но, јас им кажав на сите дека ќе работиме чесно, и чесно ќе се вратиме. Уште еднаш, честитки до сите, благодарност до претседателот Перо Антиќ за довербата.

Што се однесува до мечот, тешко е психолошки да го подготвиш тимот за меч за кој знаеш дека можеш да загубиш 20 разкика, а пак да си прв. На овој турнир имавме добра одбрана, но на овој натпревар потфрливме. Немавме однос на терен како на претходните мечеви.

Ова е историски за македонската кошарка, да се играат квалификации за СП 2023. Ние според некое мое видување останавме без девет играчи во ростерот. Мора малку време и простор да се види кој од оние сите играчи кои не ни помогнаа сега, ќе можат да помогнат после. Доаѓа европската елита, сакам да им дадам шанса на сите и на помладите играчи кои во следните години треба да бидат со репрезентацијата“, изјави селекторот Драган Бајиќ.

ПретходноПокетино му соопштил на Меси кога ќе дебитира за ПСЖ
СледноТрајковски реален: Треба да извлечеме една добра поука