Фудбалерите на Барселона моќно го совладаа Реал Сосиедад на домашен терен со 4:0 и потсетија дека и натаму се прв фаворит за титулата во Ла Лига оваа сезона. Каталонците по денешниот триумф се осамени на врвот на табелата, пред лутите мадридски ривали Атлетико и Реал.
Барса денеска имаше извонредни две полувремиња во кои постигна четири, а слободно можеше да погоди уште неколкупати. Херардо Мартин, Марко Касадо, Роналд Араухо и Роберт Левандовски беа стрелци на победничките голови, а за истакнување е дека гостите од 17. минута играа со играч помалку, откако Елустондо заработи директен црвен картон по прекршокот над Дани Олмо.
Барса денеска упати 30 удари кон голот на ривалот, додека Реал Сосиедад немаше ниту еден удар.
Standings provided by Sofascore