Роналдо одбил да оди на мечот од азиската ЛШ затоа што му се заканувале со камшикување?

180

Денеска од 17 часот е закажан првиот осминафинален натпревар во азиската Лига на шампиони, во кој иранскиот Естеглал ќе го пречека Ал Наср, кој е тим со бројни светски ѕвезди.

Кристијано Роналдо не отпатува за Иран. Веднаш се појавија шпекулации зошто Португалецот го пропушта натпреварот, а јавноста се потсети дека Роналдо во 2023 година предизвика мини инцидент во Иран за кој беше осуден на 100 удари со камшик. За време на гостувањето на неговиот клуб напаѓачот привлече големо внимание кај јавноста и навивачите, со кои се фотографираше пред хотелот и даваше автограми. Тој во таа прилика и ја бакна во челото Фатемех Хамами, која поради инвалидет слика со стапалата.

Од 1979 година, во Иран владеат фундаменталисти под власта на верскиот водач Ајатолах, кои го бранат физичкиот контакт меѓу мажите и жените на јавно место, па Роналдо заработи парична казна. Саудиските медиуми пренесуваат дека Естегал го уверил Ал Наср дека никој нема да го камшикува Роналдо, но дека Португалецот сепак се договорил со тренерот Стефано Пиоли да не присуствува на натпреварот.

 

ПретходноРамос го постигна првиот гол во Мексико и го заработи првиот бонус (ВИДЕО)
СледноЛуис Суарез со хет-трик и мајсторски гол (ВИДЕО)