Ц. Звезда ќе игра со жолти дресови! (ФОТО)

384
Фото: Црвена Звезда/Твитер

По цели 80 години и тоа по вторпат во својата богата историја, ФК Црвена Звезда ќе игра со жолти дресови и тоа на 16 март против Спартак Суботица на свој терен.

Познато е дека најтрофејниот екс-југослевенски и српски клуб, поранешен шампион на Европа од 1991 година, овој месец го прославува својот 80-ти роденден.

Во чест на годишнината на основањето на клубот и во чест на својот прв одигран натпревар, кога играите на Ц.Звезда носеле жолти дресови и со петокрака како грб на клубот, така ќе биде и против Спартак.

Интересно во секој случај, ретко кој од фановите на “црвено – белите“ знае дека токму на тој прв меч овој клуб носел жолти дресови.

Противник бил тимот на елитната единица на Првата пролетерска Дивизија.

ПретходноКој ќе го наследи Новак: Ова се номинираните за наградата „Лауреус 2025“! (ФОТО)
СледноГостивар славеше среде Гевгелија!