Судии за ПМФЛ: За Грујоски дуелот во Струга, Бафто ќе го суди “Соседското дерби“ на ФФМ!

782

Во среда од 14 часот на програмата е 22.коло од тековната сезона, или последно во вториот круг во ПМФЛ оваа сезона.

Од вечерва познати се и судиите за сите шест средби. Александар Грујоски од Кичево доби задача да ја дели правдата на мечот во Струга каде играат Струга ТЛ и Шкендија, додека Фатмир Бафто од Охрид ќе го суди „Соседското дерби“ меѓу Работнички и Вардар кое се игра на ФФМ.

Во продолжение можете да ги видите сите двојки и судии од ова коло:

ДВОЈКИ И СУДИИ ЗА 22.КОЛО – СРЕДА (14 Ч)

Тиквеш – Шкупи (Влатко Илиоски – Прилеп)

Пелистер – Воска (Фуркан Идризи – Тетово)

Брера – Гостивар (Игор Стојчевски – Скопје)

Работнички – Вардар (Фатмир Бафто – Охрид)

Беса – Силекс (Бењамин Ќерими – Скопје)

Струга ТЛ – Шкендија (Александар Грујоски – Кичево)

ПретходноШампионот со пресврт и по пет сета до победа над Јанта Волеј!
СледноПоради невреме: Одложен мечот Виљареал – Еспањол!