Вечерва со првите мечеви стартува осминафиналето во Лигата на Шампионите. Јасно е дека сите мечеви се супер интересни, но вечерва спектаклот е закажан за „Сантијаго Бернабеу“ и првиот дуел меѓу Реал Мадрид и Атлетико Мадрид. Меч кој е закажан за 21:00 часот.
Тоа значи дека “Бернабеу“ ќе гори, Мадрид ќе гори. Време е за БИТКА ЗА МАДРИД, време е за “Мадрилењо“, време е за мега – спектакл.
Кога играат овие два лути градски ривали секогаш е така, а посебно во Лигата на Шампионите.
Значи ќе видиме тренерска пресметка меѓу Анчелоти и Симеоне, ќе видиме и дуел на едната страна Мбапе, Вини, Родриго против Алварез, Гризман, Облак. Без разлика на резултатот од вечерашната пресметка, јасно е дека победникот и патникот во полуфиналето ќе го даде реваншот закажан за следната недела на “Метрополитано“, исто во Мадрид кога Атлетико ќе биде домаќин.
Време е за спектакл, ова не се пропушта.
Во длабока сенка на мечот во Мадрид, вечерва се играат уште три меча во оваа фаза од Лигата на Шампионите и тоа Бриж – Астон Вила (18:45 ч), Дортмунд – Лил (21:00) и ПСВ – Арсенал (21:00).