Денеска се одигра 19. коло од тековниот ВМФЛ шампионат на Македонија во кое лидерот Македонија ЃП по два порази повторно им се врати на победите. Совладан е тимот на Новаци со конечни 4:0. По само десетина минути игра Крсте Велкоски погоди за водство, а потоа Кире Маркоски на два пати и Симеон Христов го поставија конечниот резултат во второто полувреме.
Тимот на Башкими пак направи уште еден подвиг пролетва откако обезбеди победа од 1:2 на гостувањето кај Беласица. Иако домаќинот во вториот дел поведе со 1:0 по само неколку минути гостите израмнија, а во 83. минута по еден добро изведен слободен удар, домашниот голман кратко одби, а гостите од „втора“ што се вели постигнаа победнички гол.
Брегалница со новиот тренер на клупата Ристе Наумов на свој терен во Штип го совлада тимот на Вардарски.
Борец пак во Велес приреди изненадување откако со 2:1, го совлада тимот на Каменица Саса кој што пристигна како благ фаворит. Арсими во Гостивар ја совлада Победа со 1:0 со гол постигнат во 60. минута од мечот.
Екипата на Охрид пак забележа победа на свој терен против тимот на Вардар од Неготино со минимални 1:0.
Можеби најголемото изненадување денеска го направи тимот на Осогово кој што во Радовиш со 0:1 победи кај Детонит Плачковица.
Резултати:
Македонија ЃП – Новаци 4:0
Брегалница – Вардарски 2:0
Арсими – Победа 1:0
Беласица – Башкими 1:2
Охрид – Вардар Н. 1:0
Детонит Плачковица – Осогово 0:1
Борец – Каменица Саса 1:0
Кожув – Скопје 0:1