Првите луѓе на ФФМ на состанок на фудбалските асоцијации од југоисточна Европа во Сараево

205

Претседателот нна Фудбалската Федерација на Македонија, Масар Омерагиќ како и Генералниот секретар Дрилон Ганиу се во официјална посета на Сараево, БИХ, каде што во моментов се одржува состанокот на фудбалските асоцијации од југоисточна Европа.

На истиот покрај секако претставниците на сите Фудбалски сојузи од регионот, присуствуваат и првите луѓе на УЕФА, Александар Чеферин, како и директорот на Национални асоцијации во европската организација, Зоран Лаковиќ.

Секако, во рамките на состанокот одржана е средба и со двајцата, на која е разговарано за повеќе теми кои што се актуелни во моментов од фудбалски аспект, како за регионот, така и за пошироко на Стариот континент.

ПретходноВМФЛ 19. КОЛО: „Лавовите“ им се вратија на победите, Башкими триумфално низ Струмица
СледноБугарија остана без фудбалски селектор