Тилен Стрмљан од Хановер тимот од Бундес лигата е нов играч на тимот на ГРК Охрид. Репрезентативецот на Словенија досега беше дел од една од најсилните лиги во светот, а сега доаѓа како екстра засилување за нашиот Суперлигаш.
Огранизаторот на игра има 29.години и има големо искуство со играње и во Пивоварна Цеље, како и за екипите на Рибница, Херц Шмартно и Рудар Трбовље.
Во следните неколку денови, тимот од Охрид се очекува да биде уште поактивен на трансфер пазарот и да донесе уште неколку нови играчи.