Атлетико Мадрид влегува во клучен дел од сезоната, а Диего Симеоне доби добри вести пред натпреварот против Реал Мадрид.
Коке и Цезар Аспиликуета денеска се на тимски тренинг, а треба да бидат подготвени до следната среда кога Атлетико го пречека најголемиот ривал.
Ова значи дека Симеоне потенцијално би можел да ги има сите играчи на располагање за четвртфиналната кампања во Лигата на шампионите.
Атлетико Мадрид заостанува гол зад Реал Мадрид (1-2), а исто така заостанува зад Барселона во Ла Лига со бод.
Исто така, Атлетико ја пречекува Барса во реваншот од полуфиналето на Копа дел Реј на почетокот на април, па ова е секако добра вест за Диего Симеоне пред клучниот дел од сезоната.
Натпреварот Атлетико Мадрид – Реал Мадрид е закажан за во среда од 21 часот, а веднаш потоа, во сабота на 16 март, Барселона ќе пристигне на „Метрполитано“ во дербито на Ла Лига.