Екипата на Ливерпул повторно го менува генералниот спонзор кога станува збор за опремата.
Откако е јасно дека следното лето завршува дилот со „Најк“, јавноста во Англија информира дека Ливерпул повторно се враќа на „Адидас“. Со германскиот магнат, „Редси“ соработуваа во два мандата, а еве сега се одлучуваат по трет пат за него.
Иако нормално никогаш детали од договорот нема да бидај јавно обелоденети, сепак, јавноста на Островот вели дека новиот дил ќе биде вреден 71. милион евра по сезона.