Вардар во два дена исплати долгови кон екс-играчи, тренери, функционери од 300.000 евра!

1243

ФК Вардар денеска испрати ново соопштение во кое ја информира јавност дека вво текот на последните два дена се исплатени блокадите на клупската сметката кон неколку поранешни играчи на Вардар, тренери, функционери, адвокати. Според информацијата од клубот, само на Горан Попов, некогашен фудбалер на Вардар му се исплатени 183.000 евра, а 100.000 евра му се исплатени и на Горан Митев, поранешен извршен директор на Вардар.

Ова е комплетната листа на исплатени блокади на сметката на ФК Вардар:

– Адвокат Марија Спировска 932.360 денари (15.000 евра)
– Горан Митев 6.242.677 денари (100.000 € / сто илјади евра)
– Плант експо 282.760 денари (4.600 €)
– Слободан Мутибариќ 431.735 денари (7.000 €)
– Горан Попов 11.250.000 денари ( 183.000 € )

„Сумите на “љубов” кон ФК Вардар се огромни, но и решеноста да се справиме со овој криминал, неодговорност и злоупотреба“, порачаа од редовите на „црвено-црните“.

ПретходноПјастри ќе вози за Мекларен до 2028 година
СледноЕдно полувреме недоволно за сензација: Македонските ракометари поразени од Словенија (ФОТО)