Ја сонува „илјадарката“: Роналдо го постигна и 928. гол во кариерата

183

Кристијано Роналдо денеска успеа да го постигне и 928. гол во кариерата.

Напаѓачот на Ал-Наср постигна гол во 4. минута од натпреварот во Саудиска лига против Ал-Холуд.

Португалецот во текот на својата кариера има постигнато 793 гола на клупско ниво и 135 за португалската репрезентација.

И самиот најави дека ќе се обиде да дојде до фамозната бројка од 1000 гола во кариерата, но засега се уште е далеку од оваа историска бројка.

Претходно„Несторгол“ повторно стрела за победа на Славен Белупо (ВИДЕО)
СледноРеал се „запали“ за Енцо Фернандез, го дава и Чуамени за Аргентинецот