Вчера Томас Тухел го објави списокот на играчи на кои смета за овој мартовски циклус. Германецот од 1 јануари оваа година и дефинитивно е селектор на Англија.
На прашањето околу тоа дали ќе ја пее англиската химна, Германецот објасни зошто тоа нема да го прави:
“Како прво, дозволете ми да кажам дека имате силна и емотивна химна и дека не би можел да бидам погорд од тоа што ја водам репрезентацијата на Англија. Тоа навистина ми значи многу, но мислам дека треба да заслужам да ја пеам заедно со играчите и останатите луѓе од стручниот штаб. Тоа значи дека кога ќе го заработам правото од цела јавност во Англија да ја пеам вашата химна, тоа и ќе го правам“ истакна Германецот.