Кожув го сопре Феникс, Шкупи победнички против Гостивар

65

Кожув го најде лекот за Феникс, на гостински терен славеше со 72-80 во рамките на 20 коло во Првата лига. Поразот за избраниците на Денис Дервишевиќ значи и крај на серијата од шест победи во низа. Со 10 пораз и исто толку победи, Феникс во овој момент е седми, но дали ќе остане тами ќе биде познато по комплетирање на колото. Гевгеличани пак привремено се втори, ќе чекаат расплет од пресметката меѓу МЗТ Скопје и ТФТ.

Двата тима одиграа доста интересен меч, со тоа што истиот беше решен во последниот период, кој Кожув го заврши со 10-19 и ги осигура бодовите.

Стевановиќ постигна 20 поени, Пилепиќ 19, додека Колев 18 во редовите на победничкиот тим. На другата страна Шепард и Бертранд имаа по 12 поени.

Шкупи успеа да стави крај на серијата од три порази во ноза, откако го совлада Гостивар со убедливи 9-70 во битката од долниот дел од табелата. Мохамед и Сила им по 24 поени во редовите на победничкиот состав, кај поразениот тим, Елис, исто имаше 24 поени.

ПретходноПолувреме: Работнички со предност кај Воска, води и Тиквеш, 1:1 е во Гостивар а без голови на Чаир и во Струмица!
СледноСелта со гостински триумф кај Ваљадолид