Двата стартни мечеви од денешната програма во Серија А веќе се одиграни. Монца и Парма одиграа 1:1, во меч во кој домаќинот конечно имаше шанса да победи и да „мрдне“ малку од последноласираната позиција на табелата со некој бод плус на своето конто но тоа за жал на домашната публика не се случи. Иако Монца преку Изо дојде до водство во 60. минута, сепак на крајот Парма во 84. минута преку Бони успеа да изедначи на 1:1. Парма сега со 25 бодови е 17. на табелата, додека Монца е псоледна со 15.
Од друга страна пак Верона со голот на Дуда во второто полувреме славеше кај екипата на Удинезе. Тимот од Удине сега е десетти, Верона е 14. со 29 бода.