Денеска на програмата беа пет натпревари од 24.коло во ПМФЛ. Вчера во дербито на ФФМ, Вардар и Шкендија одиграа 1:1.
Во Кавадарци домашниот состав на стратегот Ѓорѓи Мојсов со 2:1 успеа да го победи скапиот тим на Гостивар.
Садик и Вареловски стрелаа за домашните, а Ивановски го ублажи поразот за гостите.
Каков кикс на Работнички. Тимот од Градски парк водеше со 0:1 кај Воска се до 90+4.минута, победата веќе се славеше, кога Клинтон Осеи стрелаше за домашните и успеа на Воска да и донесе бод, секако и да го разочара гостит кои се фаќаа за глава за тоа што им се случи.
Брера на свој терен беше поразена од Силекс со 0:2. Струмичани во првиот дел го надиграа во целост тимот од Кратово, имаа и шанси. Тоа им се “врати“ во вториот дел кога гостите кои ги предводеше Раденко Бојовиќ, по суспензијата на Александар Васоски, успеа да победи со головите на Ѓорѓиевски и Алиќ.
Со голот на Ристевски, тимот на Пелистер со 0:1 успеа да освои големи три бода на Чаир. Со ова продолжува црната серија на Шкупи.
Струга ТЛ водеше со 0:1 кај Беса, но потоа домашните вратија со три гола за 3:1, за да Малески во последните мигови од оваа средба успеа само да намали на 3:2.
РЕЗУЛТАТИ 24.КОЛО
БРЕРА – СИЛЕКС 0:2
(/М. Ѓорѓиевски 69., Алиќ 80.)
БЕСА – СТРУГА ТЛ 3:2
(Шефити 38.,, Незири 52., Селмани 69./Укпа 11., Малески 90.)
ШКУПИ – ПЕЛИСТЕР 1:1
(Осеи 90+4/Ристевски 74.)
ТИКВЕШ – ГОСТИВАР 2:1
(Садик (п) 15.,Вареловски 58./Ивановски 89.)
ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 1:1
(Осеи 90+4/Гандо 14.)
ВЧЕРА
ВАРДАР – ШКЕНДИЈА 1:1
ТАБЕЛА
Шкендија 50, Силекс 48, Работнички 45, Гостивар 44, Струга ТЛ 38, Шкупи 32, Пелистер 29, Вардар 22, Тиквеш 21, Брера 21, Беса 21, Воска 19.