Мбапе со два гола му донесе победа на Реал (М) (ВИДЕО)

142

Реал Мадрид го совлада Виљареал со 2:1 на гостински терен и се врати на првото место на табелата во Ла Лига. „Кралскиот клуб“ сега има три бода повеќе од Барселона, откако вечерва Мбапе одигра одличен меч и со два гола го донесе својот тим до победа.

Французинот одигра уште еден одличен натпревар и донесе пресврт, откако претходно Хуан Фојт и донесе водство на „Жолтата подморница“ во седмата минута. Мбапе погоди во 17-та и 23-та минута, со што стигна до својот 20-ти гол сезонава и сега остана со еден гол зад лидерот на листата на стрелци во Ла Лига, Роберт Левандовски.

ПретходноРејндерс го врати Милан од пораз до победа (ВИДЕО)
СледноМихаљевиќ од Тиквеш добил црвен картон поради уринирање на терен!? (ФОТО)