Ерлинг Халанд и дефинитивно оваа сезона ќе остане во Борусија Дортмунд и покрај бројните понуди од европските гиганти.
Ерлинг Халанд и дефинитивно оваа сезона ќе остане во Борусија Дортмунд и покрај бројните понуди од европските гиганти.
Норвешкиот фудбалер и оваа сезона ја почна феноменално, постигна два гола и запиша три асистенции, што пак беше показател дека е еден од најдобрите напаѓачи во Европа. Многу клубови покажаа интерес, но од Дортмунд бараа 180 милиони евра.
Тој со бундес-лигашот има договор до 2024 година, но постои една интересна клузула. Тој ќе може да го напушти клубот веќе следното лето и тоа за 80 милиони евра.
Шпанска „Марка“ утринва објави дека истата клузула на сила ќе стапи на 1. сепетмври кога ќе заврши преодниот рок во Германија. Практично од овој датум може да биде познато името на новиот тим. Мино Раиола ќе има право да преговара со клубовите кои се заинтересирани за услугите на 21-годишниот напаѓач.