Лос Анџелес Клиперс на домашен терен го совлада најдобриот тим во НБА-лига, Кливленд Кавалирс со 132:119. Едни од најдобрите во редовите на победничкиот тим беше балканскиот тандем, Ивица Зубац и Богдан Богдановиќ.
Центарот на Клиперс постигна 28 поени за 35 минути игра на 13/18 шут од поле, додаде уште 20 скока. Богдан Богдановиќ беше одличен, постигна 20 поени без промашување, 8/8 од поле и 4/4 од тројка. Тој додаде и седум асистенции.
Клиперси имаа голем број на расположени играчи. Кавај Ленард беше најдобар стрелец со 33 поени и додаде седум скока. Џејмс Харден постигна 22.
Кај Кавси, кои го претрпеа вториот последователен пораз по 16 последователни победи, се истакнаа Макс Струс со 24 поени, Донован Мичел со 18 поени и 11 асистенции.
Резултати: Шарлот – Атланта 102-134, Бостон – Бруклин 104-96, Голден стејт – Милвоки 104-93, ЛА Клиперс – Кливленд 132-119.