Македонија У19 со минимален пораз од Албанија

202

Репрезентацијата на Македонија до 19.години на чело со селекторот Еркан Селими денеска на вториот пријателскиот дуел против Албанија на гости во Корча, загуби со минимални 1:0.

Ова беше втор дуел помеѓу овие две селекции во три дена, а на првиот одигравме 0:0. Овојпат загубивме со гол примен во второто полувреме, а стрелец беше Красниќи.

МАКЕДОНИЈА: Павел Трајковски, Горазд Ристовски, Абдула Аслани, Давид Стојаноски, Каменчо Андоновски, Златко Радески, Андреј Мурџески, Назиф Цека, Албион Мусли, Јасин Рашани, Анастас Арнаудовски;

Резерви: Давид Илоски, Александар Балев, Бојан Затуроски, Лука Атанасовски, Адмир Љатифи, Хисар Али, Стефан Младеновски, Ариф Локи, Емир Шаботиќ, Здравко Перески, Игли Хасани, Аритон Мехмед;

Селектор: Ерхан Селими;

 

ПретходноЏеко ги покажа повредите по дуелот со Романија
СледноФФМ со официјална потврда: Приходот од дуелот со Велс оди за настраданите во Кочани