Мбапе: Сакавме да создадеме понепријателска атмосфера

263

Фудбалската репрезентација на Хрватска не успеа да се пласира на Фајнл-фор турнирот во Лигата на нации. Откако ја совладаа Франција со 2-0 во првиот четврт-финален натпревар на Пољуд, вечерва на Сен Дени беа поразени со 2-0, па победникот на крајот беше решен дури по престрелка. Франција победи со 5:4 по изведувањето пенали и со тоа обезбеди место меѓу четирите најдобри во ова натпреварување. Натпреварот го коментираше Килијан Мбапе.

„Се разбудивме со идејата дека можеме да имаме одлична вечер. Бевме убедени дека можеме да направиме нешто големо. Моравме да напаѓаме, да не им дадеме да дишат, бидејќи тие се тим што те тера да трчаш кога ја имаш топката. Почнавме добро, но ни недостигаа голови и моравме да бидеме попрецизни во завршницата. Сакавме да постигнеме трет гол, но се заврши со пенали. Знаеме дека при изведувањето на пенали имаме голман кој ја прави разликата“, изјави напаѓачот на Реал Мадрид.

Мбапе потенцира дека на неговата репрезентација и бил потребен токму ваков меч за да се врати публиката.

„Ни требаше таков натпревар за да ја вратиме публиката. Ја почувствувавме атмосферата, сакавме да создадеме што е можно понепријателска атмосфера“. 

ПретходноЛН: Шпанија, Португалија и Франција се пласираа во полуфиналето на Лигата на нации
СледноРоналдо повторно влезе во Гинисовата книга на рекорди