Новак Ѓоковиќ се пласираше во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами со победата од 2-0 над Лоренцо Музети. Српскиот тенисер овој дуел го доби по еден час и 22 минути борба, во сетови од 6:2, 6:2.
Ѓоковиќ со пласманот во четвртфиналето го продолжи патот до седмата титула во Мајами, а следен ривал ќе му биде Американецот Себастијан Корда, кој претходно го елиминира Гаел Монфис.
За Новак овој меч беше дефинитивно најдобар од Австралија опен, секако еден од најдобрите од Олимпијадата минатата година.
Ова му е 96. Мастерс четвртфинале во кариерата, а повеќе има само Надал со 99.