Противникот на Ѓоковиќ во 1/4 финалето откажа меч!

5599
Фото: BNP Paribas Open@BNPPARIBASOPEN

Американскиот тенисер Себастијан Корда има проблеми со повреди во пресрет на четвртфиналниот меч со Новак Ѓоковиќ во Мајами.

Корда се соочува со повреда на зглобот, поради која мораше да го откаже настапот во четвртфиналето во двојки.

Пред тоа, Корда во три сета го совлада Гаел Монфис, иако и на тој меч беше принуден да земе лекарски тајмаут.

Американецот нема многу време да се опорави од повредата, бидејќи в четврток (не пред 1:30 часот) го очекува четвртфинален натпревар против Ѓоковиќ.

Ова ќе биде нивни втор натпревар еден против друг, а Новак го доби првиот во финалето на Аделаида во 2023 година.

ПретходноМбапе одбил 250 милиони евра за оваа сезона поради Реал Мадрид
СледноПриведен сведок во случајот за смртта на Марадона, се соочува со 10 години затвор