Големи промени во Реал: Го донесоа Александар-Арнолд, а веќе пристигнува еден од најдобрите дефанзивци!

2535

Преселбата на Александар-Арнолд од Ливерпул во Реал Мадрид беше практично најлошо чуваната тајна кога станува збор за кој било трансфер во последно време.

Голем број новинари пред неколку дена потврдија дека овој брилијантен десен бек кариерата ќе ја продолжи на „Сантијаго Бернабеу“ и дека се е договорено меѓу фудбалерот и мадридскиот клуб.

Александар-Арнолд договорил петгодишен договор, а ќе заработува многу повеќе отколку во Ливерпул, па англискиот клуб немал многу простор да преговара со него.

Заминувањето на човекот кој беше „машина за асистенција“ нема да биде единствениот кошмар за Слот и спортскиот директор Ричард Хјуз бидејќи летово ќе имаат уште едно големо заминување од „Енфилд“.

Наводно немало преговори меѓу Ван Дајк и Реал Мадрид во неделите зад нас, но сето тоа би требало да се смени во наредните денови.

Приоритет на челниците на Реал Мадрид беше да го доведат Александар-Арнолд и тоа е завршено, па да можат да го насочат вниманието кон доведување на нов централен бек.

Пред неколку дена се појави информација дека Ван Дајк ја потврдил својата одлука да го напушти Ливерпул ова лето бидејќи има одлична можност да игра за европскиот гигант и преговорите околу неговиот договор се во тек.

Холанѓанецот пристигна на „Енфилд“ во јануари 2018 година и стана еден од најдобрите дефанзивци во светот додека играше за клубот.

Има освоено седум трофеи, а оваа сезона би требало да ја освои Премиер-лигата со Ливерпул, за првпат како капитен на овој клуб.

Англиските медиуми, како и шпанскиот весник Фијачес, тврдат дека Ван Дајк одлучил дека е време да го напушти Ливерпул и дека преговорите за договор со нов клуб веќе се започнати. Очигледно се работи за тимски играч на Пари Сен Жермен кој речиси сигурно кариерата ќе ја продолжи во Франција.

Сепак, јасно е дека Реал Мадрид сега реши да го засили интересот за Холанѓанецот и да се вклучи во трката за неговиот потпис.

ПретходноАлкалоид донира 15 милиони денари во Фондот на солидарност на Црвениот Крст наменет за поддршка на настраданите при пожарот во Кочани
СледноПорака до репрезентативците: Главата горе, приказната продолжува