Познати групите за следниот Евробаскет

144

Денеска во Рига, престолнината на Летонија беше одржана ждрепката за групите од следниот Евробаскет  на кој што покрај Летонија домаќини се и Кипар, Финска и Полска, а истиот ќе се одржи од 27 август до 14 септември. Самата завршница ќе се случи токму во Рига.

Најтешката група ќе биде онаа која што ќе се игра на Кипар, а таму се Грција, Италија, Шпанија, Босна и Грузија.

Србија пак се најде во Групата А, заедно со Летонија, Естонија, Турција Португалија и Чешка.

Група А:

Летонија, Естонија, Португалија, Турција, Чешка, Србија

Група Б:

Финска, Литванија, Шведска, Велика Британија, Црна Гора, Германија

Група Ц:

Кипар, Грција, Босна, Грузија, Италија, Шпанија

Група Д:

Полска, Исланд, Белгија, Израел, Словенија, Франција

 

ПретходноИрвинг ги оперираше лигаментите, на терен дури следната сезона
СледноСоиграч на Елмас обвинет за секс скандал