Утре од 15 часот на стадионот “Петар Милошевски“ во Битола, во рамките на 25.коло од тековната сезона, се игра “Дербито на Македонија“ и тоа трето во оваа сезона.
Јасно е дека кога се игра ова најголемо фудбалски дерби во Македонија, барем од спортски аспект, се друго е во втор план.
Во пресрет на утрешното дерби, свој коментар има дефанзивецот на битолчани, Александар Ристевски:
„Утре се игра најголемото дерби во македонскиот фудбал Пелистер – Вардар. Горд сум што ќе го носам дресот на Пелистер и ќе се борам за клубот и за градот. Сигурно дека мотивацијата нема да изостане, ќе биде на највисоко ниво. Секако дека Вардар максимално го респектираме и почитиваме, но утре одиме на три бода. Утре играме за град, за клуб, за навивачи и за нас“ заврши Ристевски.