Јана Атанасовска со одличен настап во Италија!

142
+2

Денеска нашата скијачка Јана Атанасовска имаше одличен настап во велеслалом на ФИС трката во Априка, Италија.

Македонската скијачка стартуваше со стартнен број 57 и во првото возење дојде до 20 место. Во второто возење дојде до 12 место, и тоа со трето најдобро време на патеката, што секако дека е одличен резултат за Атанасовска.

Денеска Јана Атнасовска, по денешната трка во Априка, Италија од 113,88 ФИС бодови ги намали своите бодови на 54,02 ФИС бодови.

Значи одлични вести од Италија за одличниот настап на Јана Атанасовска.

No description available.

ПретходноСудиската организација на ОФМ во хумана мисија – таксите од Купот ќе се донираат за Кочани!
СледноБраво Калин: Македонецот преку Колар до полуфинале во Опатија!