Срдановиќ на лето си оди од Вардар, позната е новата дестинација?

673

Вардар 1961 во изминатиот период потпиша неколку засилувања за следната сезона. Веќе е познато и кој од играчите ќе ги напуштат „црвено-црните“. На списокот се најде и Марко Срдановиќ, според најавите тој се споменува како следно засилување на Војводина.

Левото крило ја одработува втората година од договорот со најтрофејниот ракометен тим. Во неговиот договор има опција за продолжување на сорабката на уште една сезона, па останува да видиме дали истата нема да биде искористена. Тој во Војводина е најавен како замена за Ахмед Сеса, кој ќе игра во Велцар. Сердановиќ оваа сезона во Европската Лига постигна 21 гол.

Вардар 1961 ќе остане без двајца македонски играчи, си оди Томислав Јагурноски и Михаил Аларов.

ПретходноЗнамето на Косово предизвика скандал на Конгресот на УЕФА во Белград, српската федерација се извини (ВИДЕО)
СледноИ тоа се случи: Лука Дончиќ после 114 меча не погоди тројка