Лига Нации – Ц: Македонија поразена од Летонија, ама и оштетена за недосуден чист пенал! (ФОТО)

323

Во вториот меч од Ц Лигата на Нации, во групата – 6, нашата најдобра женскасо селекција беше поразена и по вторпат, денеска од Летонија со 1:2.

Летонките поведоа рано, уште во 2.минута со голот на Миксоне уште во 2.минута. Македонија израмни преку Максути која постигна прекрасен гол во таа 31.минута. Победничкиот гол беше дело на Миксоне во 81.минута, тоа беше нејзин втор гол на овој меч.

Добар, квалитетен меч за нашите фудбалерки, но сепак казната стигна откако не успеавме да реализраме барем 2-3 зицери и уште некоја шанса, како и тоа дека во 63.минута на 1:1 не беш суден чист пенал за Македонија. Една Летонка играше со рака во својот казнет простор, но судијката од Шведска, Хана Лајаннен не сакаше тоа да го види. Бадијала беа жестоките протести на нашите фудбалерки и нашата клупа, едноставно не беше покажано на белата точка.Срамна одлука на Швеѓанката.Максути имаше и супер шанса во 90+2.минута барем за бод, но Македонија денеска на теренот на ФФМ во Скопје едноставно немаше нималку среќа.

Штета.

Да кажеме дека и овој меч почна со минута молк за настаните во Кочани.

Инаку на овој меч селекторот Андов им даде шанса на следните репрезентативки: Панчурова, Бошеска, Коларовска, Николовска, Мајер, Мустафа, Андонова, Анреевска, Нацева, Максути, Рочи.

Играа и Галабовска, Марковска, Паневска, Петкова, Лимани.

Веќе на 8 април играме со Косово во Приштина.No description available.No description available.No description available.No description available.No description available.

No description available.

 

 

 

 

ПретходноСрамно: Од Новак Допинг Ѓоковиќ до Ноле Србине!
СледноОфицијално: Мбапе и Ридигер ќе играат со Арсенал, УЕФА ги казни само парично и условно!